4. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТАВ

Јовановиќ: Можно е да се огрешите за некои добри луѓе и да претерате во јавниот збор

Денес, за мене драги пријатели и луѓе за кои ми е грижа, како што ми е важно нивното мислење за моето пишување, ми рекоа дека во моите искази сум претерал во тумачењето за генералниот секретар на СДСМ, младиот Саша Димитревиќ.

Ја користам оваа прилика јавно да му се извинам, иако тоа никој од мене не го бара. Можно е да се огрешите за некои добри луѓе и да претерате во јавниот збор.

Знам дека вакво однесување исто така е преседан во јавна публицистика, а јас не сум склон да се извинам ако во некоја критичка мисла сум претерал и огрешил за некој добар човек.

Тие што пишувале некогаш, знаат дека реалноста има многу слоеви и нивоа. Во судот за Саша сум претерал. Ја прифаќам забелешката.

Саша Димитриевиќ, мајсторе, Ненад Јовановиќ, колумнистот на #CentarMk ти се извинува.

Пишува: Ненад Јовановиќ

Текстот е личен став на Авторот.

Оваа колумна го изразува личното мислење на авторот кој е одговорен за неа, и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на Centar.mk.