За неполни осум месеци се гледа дека доживуваме крах на полето на економијата. Цените вртоглаво растат, платите стагнираат, не растат, дури се заговара да не растат понатаму, а животниот стандард на граѓаните драстично паѓа, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Трилинг“.
Кукавички е што не прават ништо за да го спречат ценовниот шок, и тоа што Мицкоски се иззема себе си од процесот на преговори за покачување на минимална плата сакајќи да ги остави сами синдикатите и работодавачите сами да договараат, рече Костова.
Мицкоски не е лидер на опозиција туку е премиер и негова обврска е тој да се стави во процесите на медијатор и впрочем да покаже политичка волја дека навистина се грижи за граѓаните и за тоа граѓаните да имаат повисоки плати, додаде таа.
Костова нагласи дека се гледа таа дпмневска мартица на привилегирање на само неколкутемина коишто се во непосредниот периметар на Мицкоски, се забележеува дека продолжуваат онаму каде што застанале во 2016 година.
Обезбедувањето на пристојни услови за живот на граѓаните се уназадува, а се враќа дпмневската елита од којашто сé ќе зависи и тие да ги држат граѓаните во финансиски и економски клинч, за да можат полесно да управуваат со нив, порача потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Трилинг“.