13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот и криминалните шеми на Филипче и СДС на Онкологија се запрени, нема повеќе лекови на реверс и профити врз грбот на граѓаните

Филипче и СДС направија хаос на Онкологија, ги оставија пациентите без терапија, без лекови, во агонија и недостаток на медицински кадар, профитирале на здравјето на македонските граѓани, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче треба да знае дека нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС. Филипче и СДС креирале криминални шеми на Онкологија од кои профити имаа Филипче и блиските до СДС. Филипче треба да знае дека нема повеќе како до сега, кога со години, Клиниката за онкологија набавувала лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, Д-р Пановски, за потоа истите тие лекови да се враќаат веднаш штом компанијата ќе добие нов тендер“.

Хаосот, велат од партијата на власт, е запрен и стабилизиран.

Според нив, кадарот на Онкологија е зголемен, основниот буџет за следната година е зголемен, и сега има двојно повеќе медикаменти од претходно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +