30. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Евакуирани деца од градинка во Ниш, пет лица завршија во болница – соменевањата се дека истекол мазут од топланата

Пет лица од Ниш синоќа биле згрижени во нишкиот Универзитетски клинички центар поради симптоми предизвикани од труење од сѐ уште неидентификуван извор, а сега се евакуирани деца од нишка градинка.

Според првичните информации, можна причина е истекување мазут од топланата, кој се проширил низ канализациските цевки, но тоа сѐ уште не е потврдено, пишува „Нова.рс“.

Од безбедносни причини беа повикани родителите да си ги земат децата додека не се провери сѐ.

Од Универзитетскиот клинички центар Ниш за „Блиц“ соопштија дека 5 здравствени работници синоќа побарале лекарска помош.

„Синоќа, во Итната помош на Клиниката за ендокринологија, Одделот за токсикологија, дојдоа 3 пациенти, 2 жени и 1 маж. Едно женско лице е задржано на опсервација, но е целосно стабилно. На Ургентниот центар се примени двајца пациенти, и двајцата, по прегледот, се отпуштени. Сите пациенти пријавиле гадење, главоболка, сува уста и треперење“, велат од Универзитетскиот клинички центар Ниш.

Пациентот што бил хоспитализиран е пуштен дома.

Причината, најверојатно, е истекување на мазут од топланата./Извор:Makfax