15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шест лица загинаа, а осум се повредени при експлозија во ресторан во Чешка

Шест лица загинаа во експлозија и пожар во ресторан во Чешка, а уште осум лица со повреди се пренесени во болница, соопшти противпожарната служба. Според првичните изјави на сведоците, гасна греалка паднала и нејзината боца со пропан гас се запалила и експлодирала.

Несреќата се случила во ресторан во центарот на индустрискиот град Мост.

Според службите за итни случаи, пламенот невообичаено брзо се проширил.

Околу 30 луѓе успеале да побегнат од ресторанот и соседните згради.

Според тамошните медиуми, пламените јазици биле високи од два до три метри, што се гледа и од ознаките на соседните згради, а градежниот инженер ќе испита дали е потребно да се урне објектот.

Полицијата отвори истрага поради сомнение за загрозување на животот и здравјето на луѓето./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

C +

Бројот на ЗАРАЗЕНИ во Европа нагло расте, лекарите повикуваат на претпазливост: „Ова е загрижувачко“

ДЕСК

Сестрата на Ким Џонг-ун: Ќе напишеме во уставот дека не сакаме добри односи со Сеул

C +