Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија изврши напад со дронови врз Украина

Русија изврши напад со беспилотни летала врз Украина во текот на ноќта, при што загина еден цивил, а беа ранети четири лица во регионот на Киев, соопштија воени и регионални претставници. Украинската противвоздушна одбрана собори 60 од 93 руски беспилотни летала, објави военото воздухопловство.

Никола Калашњик, вршител на должноста гувернер на регионот Киев, изјави дека возач на камионот загинал од остатоците од дронот. Од остатоци од дронови оштетени се и неколку приватни куќи, при што се повредени четири лица, меѓу кои и едно 16-годишно момче, рече тој.

Воздухопловните сили соопштија дека руските беспилотни летала биле насочени кон девет украински региони низ целата земја. Оштетени се станбени куќи и деловни објекти во областа Доњецк на исток и Чернихив на север, соопшти армијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.