2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Џабе се препелкате, Груби го пуштивте да избега и за тоа сте сами вие одговорни

-Со потсмев ги следиме обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Обидите да ја изманипулираат јавноста дека СДСМ знаел за криминалот на Груби, а не го процесирал, е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање,а тоа е – зошто Тошковски дозволи Груби да избега? – прашуваат од СДСМ.

„Артан Груби и сите за кои во моментот има постапки мора да одговараат пред законот. Но за жал, тоа очигледно нема да се случи откако мистериозно Груби исчезна. Го прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, кој е политичкиот договор и цена за пуштањето на Груби?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата инаку кадар на Тошковски.

Границата со Косово се потврди дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е главен канал за бегање на криминалците. Прво избега Блерим Рамадани, па се шеташе Гаши со сватовите на свадба без проверка, сега се прошета и Груби. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +