17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Студ ќе ја окова Македонија, се најавува и снег – Метеоцентар со детална прогноза

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник.

Во текот на следната работна седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Од вторник до четврток по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, поради што и дневни температури ќе бидат пониски.

Прогноза за 16.12.2024
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Прогноза за 17.12.2024
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 5°C до 14°C

Претпладне со услови за појава на магла по котлините, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Прогноза за 18.12.2024
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 16°C

Претпладне со услови за појава на магла по котлините, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК