27. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Следува исплата на К-15, и оваа година по втор пат ќе се офајдат и административците

Во буџетот Владата обезбедила средства за изплата на К-15 на 84 илјади административци.

Тоа ќе бидат милијарда денари.

84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11.000 денари К15.

Исплатата се очекува ќе биде најдоцна до декември оваа година.

Исплата за К-15 и во приватниот сектор
До крајот на годинава треба да биде исплатен Регресот за годишен одмор. Со растот на просечната плата во Македонија, порасна и минималниот износ за К-15.

Конечната цифра се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.

Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски требаше да почне од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците.

Со доаѓањето на крајот на календарската година, така се стеснува и рокот до кој мора сите компании на своите работници да им го исплатат К-15.