27. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со детална прогноза – Следува значителен пад на температурите, дожд и снег, а потоа и засилен ветер

Од утре во пладневните часови до ноќта кон понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Особено во недела и понеделник во Повардарието ќе засилува северен ветер, а на почетокот на неделата утринските температури ќе бидат значително пониски.

Прогноза за 15.12.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 5°C до 11°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места претежно во западните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 16.12.2024
Минимална температура: -4°C до 5°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен до северозападен правец.

Прогноза за 17.12.2024
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 15°C

Претпладне со услови за појава на магла понекаде во котлините котлини. Во текот на денот сончево со мала ликална облачност. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен северозападен ветер.