5. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 35 Палестинци загинаа во израелски напади во Појасот Газа

Најмалку 35 Палестинци загинаа рано утринава во израелско бомбардирање на различни области во Појасот Газа, јавува палестинската новинска агенција ВАФА.

Според извештајот на агенцијата, седум лица, меѓу кои жени и деца, загинале во бомбардирањето на станбена зграда во градот Газа.

Агенцијата додава дека 15 лица загинале во бомбардирањето на куќа во кампот кај Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа каде што се засолнувале раселените./Извор:Makfax