Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претпладне магла, во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди

Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а преку денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

До сабота во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела ќе има повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +