12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СВР Скопје заплени повеќе од 40.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар

-На 09.12.2024, по претходно изготвен план од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за контрола на Бит Пазар, лишени се од слобода две лица, а пронајдени се над 40.000 парчиња пиротехника, тутун и цигари без бандероли. Кај Б.И. (47) од с. Студеничани пронајдени се 11.604 пиротехнички средства, пари, околу 40 килограми тутун и поголема количина цигари без бандероли, соопшти МВР.

-Кај С.Н. (48) од Скопје пронајдени се 14.942 парчиња пиротехнички средства и пари. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 ст.7 од КЗ. Исто така, при преглед на импровизирана тезга пронајдени се околу 14.000 пиротехнички средства, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години се соочуваше со опструкции

ДЕСК

Филипче повика на мобилизација: Ова не се обични избори, ова е морална битка за Македонија

ДЕСК

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нуди програма и проекти, додека СДС-ДУИ-Левица излегуваат со најцрната и најмизерната кампања што некогаш Македонија ја видела

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.