29. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ДОМ: Барање за дополна на Акциониот план за чист воздух

ДОМ: Барање за дополна на Акциониот план за чист воздух.

Интегрален текст од соопштението на ДОМ:

Загадувањето на воздухот предизвикува сериозни последици по здравјето на луѓето. Зелената партија ДОМ предлага до Владата на РСМ да го дополни акцискиот план за чист воздух за 2024- 2025 со следните мерки :
1. Во зимските месеци да се забрани користење на алтернативни горива (отпадна пластика, гума, текстил…) од страна на индустриските капацитети кои имаат дозвола да ги користат истите ;
2. Во деновите кога се надминати граничните вредности на загадувачки материи во амбиенталниот воздух индустриските капацитети задолжително да го намалат производствениот капацитет за 50 %;
3. Во истиот период градилиштата да се ограничат да немаат земјени работи и транспорт со камиони;
4.Да се изврши контрола од страна на
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на сите физички лица што добиле ваучери за купување на клима уреди дали ги користат истите или користат стари нееколошки начини на затоплување кои емитираат загадувачки материи;
5.Урбаното зеленилото значајно придонесува во прочиствање на воздухот, затоа комуналните испектори во општините и Министерството за животна средина да направат контрола на примената одредбата од Законот за урбано зеленило за најмалку 20% зеленило на секоја градежна парцела која е во фаза на градба;
6. Владата да набави еколошки автобуси за јавниот превоз како би се исфрлиле од употреба старите нееколошки автобуси
и да предвиди субвенции за набавка на еколошки автобуси за приватните превозници.
7. Владата да ја сопре политиката за олеснет увоз на половни возила и намалување на таксата за јаглеродни емисии, а да дава субвенции или да ги намали даноците за електрични и хибридни возила.