Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите со нови најави – еве какво време да очекуваме следните денови

Утре ќе има повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата. Потоа ќе преовладува променливо облачно и не многу студено време со сончеви периоди. Ќе има појава на утринска магла или ниска облачност по котлините каде што повремено ќе има и пониска дневна температура. Кон крајот на работната недела утринските температури ќе бидат за неколку степени пониски.

Прогноза за 11.12.2024
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 13°C

Претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот пооменливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 12.12.2024
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 13.12.2024
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ: Кривична пријава за мажот кој насилно упадна во студиото на “Инфомакс”

ДЕСК

Неочекувано топли денови ни доаѓаат — еве што нè чека до 15 декември

ДЕСК

Утре сончево време со температура до 15 степени

C +
error: Соддржината е заштитена.