27. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Чупеска: СДСМ ќе се спротивстави на сите обиди за упад во институциите

Зборувајќи за состојбите во државата и правосуднсиот систем универзитетската професорка и потпретседателка на СДСМ, истакна дека оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ на најбрутален начин се обидува да направи упад во судството.

„Наместо да го реформира, оваа Влада тргна да прави упад во судството, каде отворено, без да го почитува уставниот принцип за поделба на власта, отворено се меша во правосудните работи, таргетира и сатанизира одредени обвинители и обвинителки и сето тоа заврши со оставката на Весна Дамева, што воопшто не е наивна работа. Значи веќе имате удар во безбедносен сектор, удар во судски систем и имате удар на меѓуетничка основа. Каде води сето тоа? Нели ќе имавме стабилност, иднина, нели горди ќе бевме? На овој начин ли се прави гордоста? Тие (ВМРО-ДПМНЕ) мора да се свестат дека не смеат да делуваат субверзивно и противуставно иако тоа го влечат и од претходно и тие не знаат да функционираат во демократски услови и имаат тенденција да ги гушат демократските процеси и не знаат да функционираат во нормална демократска состојба. СДСМ ќе се спротивстави на сите обиди за упад во институциите“ посочи таа.

Чупеска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се води од еден лукративен национализам и на тој начин ги злоупотребува идентитетските чувства на граѓаните.