4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Шукова: Потребна е лидерска средба, политиките на поделба мора да престанат – носат долгорочни штети за граѓаните

Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата Топ тема на телевизија Телма, посветена на настаните од изминатите денови, ја истакна потребата од лидерска средба на сите парламентарни партии, која ја иницираше СДСМ за стабилност и смирување на ситуацијата.

Сакаме да им покажеме на граѓаните дека партиите се сложни дека вакви меѓунационални односи, коишто имаат тенденција на пореметување во овие денови, не треба да има повеќе, требада се смири состојбата, да покажеме дека сите сме на иста страна, дека сите сакаме да има ред и мир, впрочем тоа и го покажуваме во годините наназад, дека можеме да градиме мултиетничко општество заедно, истакна Шукова.

Владеачката структура во моментов не прави разлика дека одговорноста е на оние кои ја управуваат државата, а тоа се тие, СДСМ во моментов е опозиција, рече Шукова, додавајќи дека политиките на СДСМ иако во моментов се насочени на консолидација на партијата и понатаму гради политики на соживот, како и досега.

Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова истакна дека политиките на поделба имаат краток политички бенефит, меѓутоа имаат догорочни штети за граѓаните во државата.

-Колку помалку поделби, толку подобро за граѓаните, порача потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата Топ тема, на телевизија Телма.