Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -3 степени, во Маврови Анови -2, -1 Крушево, 0 Берово, 1 Претор, Дебар, 2 Охрид, Крива Паланка, 3 Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, 4 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје-Петровец, Штип, Виница 5 Струмица, Велес, Демир Капија, 7 Гевгелија.
Како што извести Управата за хидрометеоролошки работи висината на снежната покривка била најголема во Маврови Анови – 61 сантиметар, 48 сантиметри на Попова Шапка, 35 во Крушево, 21 во Лазарополе, 5 во Дебар, 4 во Претор, 3 во Берово.
Преку ноќта имаше врнежи од дожд на североистокот и на југот од земјата, а утринава врнежите се престанати и само во Струмица има појава на слаб дожд. Преовладува претежно облачно време.
Времето денеска ќе биде наутро облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во Скопје претпладне облачно, преку денот тивко, а облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до 6 степени./Извор:Makfax