30. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Настаните за Денот на албанското знаме се смислено сценарио на СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Настаните по повод „прославата“ на Денот на албанското знаме, инцидентите и дивеењето на неколку групи се смислено сценарио на СДСМ и ДУИ кои преку манипулација, ескалација и креирање на етнички тензии се обидуваат да го заштитат криминално стекнатиот капитал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Антидржавните партии СДС и ДУИ преку манипулирана група од политички насилници направија директен напад врз државата преку чин на агресија кој беше директно насочен кон достоинството на македонскиот народ. СДС и ДУИ после 7 години власт се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни се, во паника и исплашени поради соочување со правдата и затоа сеат раздор. СДС и ДУИ се немоќни и во агонија поради тоа што немаат поддршка за протести и токму затоа посегнаа по креирање на меѓуетнички тензии и обид за деескалација. За разлика од минатото кога полицајци се удира во пајаци сега МВР одговори одлучно, брзо и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани. МВР во текот на вчерашниот ден реагираа во насока на приведување на учесниците и лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме и предизвикаа инциденти. ВМРО -ДПМНЕ ги осудува ваквите настани и апелира граѓаните да останат смирени и да ги игнорираат црните сценарија на поединци. Нема да има милост кон никого секој оној кој ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вели останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните./Извор:Makfax