29. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со политички поделби и кукавичлук

СДСМ упати силна критика кон ВМРО-ДПМНЕ и нивните блиски медиуми, по обидите да го префрлат товарот за последните безбедносни инциденти врз СДСМ. „Престанете да глумите опозиција и да го обвинувате СДСМ за вашата неспособност. Водењето држава подразбира лидерство и одговорност, а не кукавичлук,“ порачаа од СДСМ.

Партијата ја истакна целосната неспособност на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот тим, кои, како што велат, дозволиле безбедносниот апарат да биде разурнат и да потфрли во обезбедување на мирот во текот на вчерашната прослава на Албанското знаме каде беа запалени повеќе макеоднски знамиња и имаше пукања во центарот на Скопје. „Како може македонското знаме да биде запалено, по улиците на Скопје да се пука со автоматски оружја, а МВР да нема никакви инфомрации ниту да го превенира тоа?“ прашуваат од СДСМ, додавајќи дека овие инциденти се само последниот пример за неспособноста на раководството на МВР.

СДСМ ја посочи и улогата на Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека ја користи институцијата МВР за свои политички цели, партизација на АНБ и уништување на безбедносниот апарат. „Вашите политички игри и поделби само ја продлабочуваат кризата и несигурноста меѓу граѓаните. Време е да престанете со ваквите манипулации,“ додадоа од партијата.

Партијата ги повика граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокациите, истакнувајќи дека е неопходно целосно реформирање на безбедносниот систем.

„Граѓаните заслужуваат институции кои ќе ги штитат, а не институции кои се алатка за политички манипулации,“ заклучуваат од СДСМ.