27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево е симбол на работењето на оваа влада и ќе е симбол за неспособноста на претходни влади

За автопатот Охрид – Кичево во минатото најмногу се коментирало и најмногу се лажело. Но јас цврсто стојам на моето ветување дека до почетокот на летната сезона ќе го пуштиме во употреба од село Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година целосно ќе го изградиме, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

“ Ова е проект кој е најмногу коментиран во јавностa и нaјмногу се лажело во јавноста. И затоа решив најмалку да зборувам и најмногу да работам на него и петти месец како министер сум и прв пат излегувам на терен. Со апсолутна убеденост ќе го повторам тоа што веќе го кажав, а тоа е дека од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај Ботун, бидејќи таму има лизгање на земјиштето, ќе имаме цело автопатско решение пред почетокот на летната сезона. Паралелно кај селото Ботун од денеска започнавме со рехабилитација на постојниот пат за да и тоа биде пријатно возење, а во следниот период ќе почне целосна рехабилитација на планинскиот превој Пресека затоа што истиот ќе се користи до крај на 2026 година. Додека во однос на вториот дел од автопатот од Врбјани па се до над Кичево, ќе биде завршен до крајот на 2026 година и стојам позади тие ветувања” – изјави заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски.