18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почина Борјанчо Мицевски, поранешниот градоначалник на Крива Паланка

– Со длабока тага ја примив веста за смртта на Борјанчо Мицевски, поранешниот градоначалник на Крива Паланка, наш соборец и сопартиец, соопшти на социјалните мрежи лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

– Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден од вредностите на солидарноста, правдата и напредокот. Неговата визија за подобар живот во Крива Паланка остави траен белег врз заедницата и сите кои го познаваа.

Неговата човечност, енергија и посветена работа ќе ги паметиме со огромна почит и благодарност. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и соработниците.

Нека почива во мир, напиша Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +