22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Трета T Business конференција на Македонски Телеком: Примена на паметни решенија, сајбер безбедност и телемедицина 

Трета T Business конференција на Македонски Телеком 

  • Примена на паметни решенија, сајбер безбедност и телемедицина

Третата T Business конференција на Македонски Телеком, под мотото „За дигитални хоризонти“, се одржа во Скопје, пред повеќе од 300 посетители од деловниот свет и институционални корисници. Целта на конференцијата е да се објават најновите продукти од Македонски Телеком и да се поттикне користењето дигитални решенија за побрз напредок во дигиталната трансформација на бизнисите и на целото општество.

Експерти од Македонски Телеком отворија дискусија на теми релевантни за  дигитално и безбедно управување со бизнисот и презентираа иновации за иднината. 

„На нашата трета T Business конференција ја споделуваме нашата пасија за напредок со повеќе од 300 посетители. Дигиталната еволуција е неминовна, а ние сме мотивирани да ја користиме технологијата за да креираме решенија со кои одговараме на предизвиците на новото време. Нашите говорници денес отворија многу релевантни теми поврзани со користење паметни решенија, управувани услуги, сајбер безбедност и иновативни решенија за телемедицина со кои сме пионери во регионот.“ – изјави Марјан Богатиновски, Главен комерцијален директор за деловни корисници.

Притоа беа презентирани развојните новитети од портфолиото на Македонски Телеком, како што се решението за управување со електрична енергија, паметни водомери и паметно осветлување. Во склоп на конференцијата се зборуваше и за важноста на заштитата на податоците, односно за сајбер безбедноста, а се презентираше и напредно решение за високо ниво на заштита, креирано според безбедносните стандарди на Дојче Телеком. Посебно внимание предизвикаа решенијата за телемедицина, коишто беа презентирани од стручни лица коишто веќе ги користат со извонредни резултати.