Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сеул: Речиси 11.000 севернокорејски војници распоредени во Курск

Околу 10.900 севернокорејски војници се распоредени во Курск како дел од руската воздухопловна единица и маринци, изјави јужнокорејски официјален претставник.

Цитирајќи ја државната шпионска агенција, функционерот додаде дека некои веќе се бореле во украинската војна. Тој, исто така, тврдеше дека Северна Кореја испорачала дополнително оружје, вклучувајќи хаубици и повеќе ракетни фрлачи.

Националната разузнавачка служба се уште се обидува да го утврди точниот број на жртви меѓу севернокорејските војници и дали некои се предале./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Нови правила за влез во ЕУ: крај на печатите, објавен е датумот кога ќе започне примената

C +

По земјотресот, еруптираше и вулкан на Камчатка

C +

Песков за санкциите на Трамп: Русија веќе разви имунитет

C +