25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Митрески: Со буџетот, владата ќе ги зголеми глобите и административни такси

Со новиот буџет на владата планирани се 54 милиони приходи од такси, глоби и судски административни такси. Значи тоа се 11 милиони евра плус, од тоа што се планирало во буџетот во 2004 година. Дали со ова се планира наплата на повеќе глоби или се планира зголемување на некој административни такси или некој други такси од оние што ги плаќаат граѓаните и фирмите, власта треба да им каже на граѓаните, што да очекуваат во наредната година, рече пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, а Комисијата за финансирање на буџет.

– Во однос на буџетот за 2025 година, имам две прашања. Прво, контото 741 трансфери од други нивоа на власта. Во претходниот буџет, контото е во минус, затоа што се врши поврат на средствата кон други нивоа на власта. Овој пат износот е плус и некаде вредносната разлика од минатиот и овој буџет е 35 милијарди денари. Ова, значително вредносно го зголемува буџетот и значително со тоа се планираат и трошоците.

Друго, контото 722-глоби судски и административни такси, каде имаме плус 673 милиони денари или вкупно 3.3 милијарди денари, или 54 милиони евра се планира да се соберат од судски глоби и административни такси. Значи 11 милиони евра плус од тоа што се планирало со буџетот од 2024. Зошто се планирани 54 милиони евра за приходи од такси, глоби и судски административни такси и дали се планира наплата на повеќе глоби или се планира пак зголемување на некој административни такси или некој други такси од оние што ги плаќаат фирмите и граѓаните?, рече Митревски.

Митревски, зборуваше и за Законот за провизијата на банките, за која рече дека граѓаните плаќаат по 250 денари провизии за едно ливче или извештај кој треба да ги добијат од банка и потенцираше дека СДСМ како пратеничка група ќе поднесе и Закон во врска со провизиите на банките.

– Буџетот на владата за 2025 година нема никаква препознатлива ниту суштинска политика, нема ни економски мерки или предлози, од аспект на понуда, нема ништо ново, туку се е продолжение од она што било претходно, а заради зголемување на дефицитот, јавниот долг носи нови ризици и е фактор на макроекономската дестабилизација, а економијата ќе се движи по инерција. Со ваква економија и вака лошо скроен буџет, каде се исклучуваат сите релевантни фактори, со прекршување на основите договорени фискални правила, буџетот не претставува решение и помош туку извор на проблеми кои ќе треба да се решаваат, рече Митрески.