22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Првиот предлог Буџет на владата на Мицкоски е најрасипнички во историјата на Македонија, соопшти СДСМ.

„Буџетот е тежок 6,5 милијарди, толку планира власта да потроши, но наместо за поголеми плати на работниците, повисок животен стандард на граѓаните, образование, здравство, раст и развој на економијата власта ги зголемува трошоците за службени возила и луксуз за 75%.

Парите за купување мебел власта на Мицкоски ги зголеми за 5 пати.

Со Буџетот Владата на Мицкоски предвидува зголемување и на непродуктивните трошоци за стоки и услуги а во истиот момент ги кратат капиталните расходи во клучни сектори како образование и здравство.

Власта не се грижи за граѓаните, стоките и услугите се поважни од здравјето на граѓаните, од образованието на младите.

Расипничкото однесување се случува во услови на високо ниво на јавниот долг кој со новите долгови ќе ја надмине границата од историски највисоко ниво на јавен долг од 70,8%.

Со вакви политики, Владата само ќе ја задолжува државата, ќе товари нови вработувања во администрацијата, ќе го зголемува долгот, ќе си троши на стоки и услуги, а за граѓаните ќе нема ништо.

За себе Владата на Мицкоски ќе троши за чоколадо, а за граѓаните сув леб.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК