Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази (мдма), пиштол, куршуми…поднесена кривична пријава

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје презедоа опсежни истражни дејствија во врска со настан од 02.10.2024, кога на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје беше пронајдено патничко моторно возило „мини“ и при извршен претрес на 02.10.2024 околу 01 часот, по претходно обезбедена судска наредба, во возилото се пронајдени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази (мдма), пиштол, осум куршуми, пригушувач од пиштол, 14,2 мл хашиш смола, машина за вакумирање две дигитални ваги…

Со цел расчистување на случајот, повикани се повеќе лица на службен разговор и извршени се претреси на домови на повеќе локации на подрачје на Скопје кај лица за кои постоеше сомнение за нивна можна инволвираност во овој случај. На 07.11.2024 извршен е претрес во дом на О.А. во Скопје при што е пронајдена марихуана, мобилен телефон и други предмети, по што О.А. е лишен од слобода. На 08.11.2024 од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по член 215 и 396 од КЗ против О.А. кој е лишен од слобода и М.З. од Скопје, кој е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Фото: МВР

Можеби ќе ве интересира

Фрчат казни: Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Ужас во Скопје: Прегазил пешак, па побегнал – полицијата го најде

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК