13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава 9.11.2024 година во 5 часот и 56 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 87 km југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Дебарца-Плакенска Планина, и со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Демир Хисар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.