22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Често го прескокнува појадокот: Вака се храни старо-новиот претседател на Америка, едно нешто е изненадувачко

Доналд Трамп е новиот претседател на САД, а ако некогаш сте се запрашале како изгледа неговиот просечен ден и што јаде во него, има одговор.

Иако е претседател, јаде сосема обични работи, но и брза храна, исто како вистински Американец.

Зборувајќи со Џеси Волтерс од Фокс њуз во 2016 година, Трамп рече дека го прескокнува појадокот секогаш кога може. Обично руча, но омилен оброк во денот му е вечерата. Меѓутоа, понекогаш се решава да појадува, а во тој случај најчесто избира јајца и сланина, житарки или мафини од Мекдоналдс, а не пие чај или кафе.

Освен што не појадува, понекогаш го прескокнува и ручекот. Неговите навики во исхраната се откриени во книгата Let Trump Be Trump, напишана од поранешниот менаџер на кампањата Кори Левандовски, кој тврди дека претседателот понекогаш поминувал 14 до 16 часа без да јаде.

Трамп е голем љубител на месото, а тоа е познато од 2005 година, кога тој и Меланија се појавија како гости на Марта Стјуарт. Таму подготвија сендвич со леб од месо, за кој Трамп рече дека е неговата омилена форма на леб.

Трамп исто така е голем љубител на брзата храна, вклучувајќи ги Мекдоналдс, Бургер Кинг и КФЦ. За вечера најчесто избира Мекдоналдс, два Биг Мек, два Филе-О-Фиш и мал чоколаден шејк.

Трамп е љубител и на пица, иако не сака да јаде кора. Кога не јаде пржено пилешко или хамбургери, Трамп ужива во добар стек. Сака добро печени и послужени со кечап.

Новиот американски претседател сака диетална кока-кола, која понекогаш ја пие за појадок. Наводно, тој дури имал инсталирано копче за диетална кока-кола во Белата куќа за време на неговиот прв мандат, кое често му го носеле и до 12 пати на ден.

Покрај тоа што пиел дванаесет лименки диетална кока-кола дневно, тој сакал да јаде и грицки, обично Лејс чипс или Доритос. Трамп наводно отвора ново пакување грицки секогаш кога ќе ги изеде, дури и ако има уште малку во претходното пакување, а тоа е затоа што е гермофоб, односно се плаши од бактерии.