10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Венко Филипче / Фото СДСМ
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Најавите за предвремени избори се доказ дека на Владата не и оди

СДСМ е подтовен за какви било избори, тоа што има најава за предвремени избори само 5 месеци по формирањето на Владата е доказ дека на Владата навистина не ѝ оди, рече претседателот на СДСМ, Венко Флипче денеска во одговор на новинарско прашање.

-Нашата теренска анкета покажува дека 65 % од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Тоа значи дека двајца од тројца испитаници од граѓаните не се задоволни од животниот стандард, од тоа што Албанија не претрка на европскиот пат. Ова кокетирање со ДУИ би рекол дека е пред се порака до ВЛЕН и до ЗНАМ коишто очигледно имаат маргинализирана улога и практично преполовена поддршка. Што се однесува на СДСМ, ние сме спремни да одиме на какви било избори, од денеска па натаму. На секој следен циклус на избори ние ќе настапиме многу поорганизирано и многу поуспешно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +