24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Асфалтирање на дел од улица „9“ и дел од улица „532“ во општина Илинден

Во рамки на активностите за реконструкција на дел од улиците „9“ и “532“ во Марино, се врши завршно асфалтирање на коловозот со втор асфалтен слој, како и работи на уредување со бекатон плочки на пешачката патека покрај улицата од едната страна и асфалтирање на тротоар од другата страна на улицата.

Градежните активности ќе завршат со поставување на целосна хоризонтална и вертикална сигнализација на улицата, како и поставување на успорувачи пред детската градинка.

Увид на градежните работи на терен изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека ова е уште еден приоритетен проект кој го реализираме и го остваруваме ветеното кон граѓаните.

Реконструкцијата на улицата е во должина од околу 820 метри и широчина 6 метри, како и целосна реконстукција на тротоарите од двете страни на улицата. Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.