25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c)
.БИЗНИС

Николоски: Од Охрид ќе може да се лета насекаде кон светот. Започнуваме да го развиваме охридскиот аеродром и да го провомираме Охрид како значаен туристички центар

Со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнуваме нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром. Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи стратегијата ни даде резултати. Го донесовме Туркиш ерлајнс кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид и тој е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николски во интервју за ТВМ.

Тој потенцираше дека ова е успешен јавен повик бидејќи на овој начин ќе се понуди Охрид како главен туристички центар во регионот, каде се отвора можности за развој на туризмот.

“Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи сега се поврзуваме со главниот аеродром во Истанбул кој е еден од најголемите аеродорми со најмногу конектинг летови. Потоа го имаме Охрид до Базел Милхус, аеродром на тромеѓето меѓу Швајцарија, Франција и Германија кој па отвора многу можности за нашата дијаспора и голем број туристи од тие земји “- истакна министерот Николоски.

Тој во интервјуто потенцираше дека е сменет моделот на субвенционирање по патник во доаѓање бидејќи се очекува дека овој модел ќе донесе дополнителни 200 илјади туристи годишно.

Најави дека овој месец ќе се распише нов јавен повик каде се очекува да се воспостават нови авиолинии од Охрид, а за следната година да се започне со реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродорм.