Centar.mk
ЛОКАЛНО

Заменети сите оштетени корпи за ситни отпадоци во Општина Карпош

Во текот на денешниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје изврши замена на сите оштетени корпи наменети за одлагање ситни отпадоци во скопската општина Карпош. Замената беше спроведена на околу 15 локации на булеварите Илинден, Партизански одреди и Метрополит Теодосиј Гологанов, каде што се поставени комплетно нови садови.

Во текот на следната седмица, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи етапно да врши замена на оштетените корпи наменети за одлагање ситни отпадоци во сите скопски општини.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски оствари работна средба со амбасадорот на Франција

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Герасимовски: Општина Центар го отвори електронскиот Анкетен прашалник за креирање на Буџетот за 2026 година

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.