14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Работилница во рамки на проектот „Патеки за зелени микро акредитиви“ Општина Илинден

Во рамки на проектот Вештини за зелена транзиција – Патеки за зелени микро акредитиви во кој е дел и Општина Илинден, а во организација на Стопанската комора за мал бизнис, се одржа работилница во просториите на Дом на култура „Илинден“.

Станува збор за проект кој се спроведува преку програмата Еразмус+ кој се обидува да ја истражи употребата на микроакредитиви за усоврѓување возрасни во области поврзани со Европската агенда за зелени вештини. Проектот настојува да придонесе за развој на заедничка рамка и пристап за опис на програмите и исходи од учењето кои може да се користат во кратки курсеви за надградба на возрасни зелени вештини.

На работилницата присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претставници од Стопанската комора за мал бизнис како и претставници од компании.

Во своето воведно обраќање градоначалникот Георгиевски истакна дека, ова е една значајна област кон која треба сите да се стремиме и да имплементираме активности преку соработка за развивање и унапредување на зелени вештини односно да го насочеме нашето директно залагање во воспоставување на систем преку кој ќе придонесеме за подобрување на енергетската ефикасност, проширување на употребата на обновливите извори на енергија и поддршка за еколошката одржливост.
Општина Илинден и во иднина ќе ги развива зелените вештини како и унапредување на заедничаката соработка со сите чинители во локалната заедница, бидејќи единствено тоа е вистинскиот пат за имплементирање на проекти во делот на енергетската ефикасност, користење обновливи извори енергија управување, спречување и намалување на загадувањето, отпадот и стакленичките гасови итн, се со цел да дадеме свој допиринос за поздрава животна средина а со тоа и поквалитетен живот на нашите граѓани.