25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Мицковски да ги објави СМС пораките денес

Премиерот на Владата без етнички легитимитет Христијан Мицковски и по цели 12 часа не ги објави своите тврдења за СМС пораки што наводно ги примил од високи функционери од редовите на Демократската унија за интеграција.

Сите ние во ДУИ бараме Мицковски да ги објави тие СМС-пораки денеска, веднаш, без одлагање.

Премиерот на Владата без етнички легитимитет, во недостиг на аргументи и проекти, но и во меѓународна изолација, фатен во тесно во Собранието, измислува за да излезе од секојдневните срамни ситуации.

Се што беше кажано од оваа власт беше демантирано, се, без исклучок.

Станот во Бутел со вооружени луѓе, неговиот завет дека никогаш нема да ги признае уставното име и договорот од Преспа, дестабилизацијата во септември, „епскиот криминал“ со Коридорот 8, дури и купувањето парцели на патот Скопје-Блаце, укинувањето на 78% покачување на платите на функционерите и се останато се покажа како измама.

Исто и „смс“ пораките од ДУИ упатени до Мицковски се лага.

ДУИ се залага за европска Македонија, со неселективно владеење на правото, етничка еднаквост и добрососедство, приоритети кои за жал, Владата без етнички легитимитет не ги дели, туку напротив не оддалечува од Европа како и од добри меѓу етничките и меѓусоседските односи.