11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Средба на Директорот Јанев и Амбасадорот на Катар во Скопје

На 31.10.2024 година, во Министерството за внатрешни работи се одржа средба помеѓу Директорот на БЈБ, г.Александар Јанев и Амбасадорот на Катар во Скопје.
Во текот на состанокот се дискутираа прашања од аспект на зајакнување на полициската соработка помеѓу двете држави, поддршка во областа на обуките за полициските службеници, со акцент на сајбер-безбедноста, како и разгледување на катарскиот модел за модернизација и примена на развиени технологии во делот на полициското постапување.

Една од темите беше и изборот на нови членови на Извршниот Комитет на ИНТЕРПОЛ, што ќе се случи во текот на Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ наредната недела во Глазгов, Шкотска.

Македонската полиција останува посветена на продлабочување на меѓународната полициска соработка со сите релевантни партнери на глобално ниво, но и кон збогатување со најдобри практики и примена на софистицирани методи и алатки во сите сфери за современото полициско работење.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.