Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Приведено лице од Турција поради давање поткуп

На 30.10.2024 околу 03 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во РСМ се пријавил К.С. (53) од Турција, но по извршена пасошка контрола било утврдено дека веќе го искористил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена и поради тоа му бил одбиен влез и бил вратен назад во Косово. Околу 03.30 часот К.С. повторно дошол на граничниот премин и на раководителот на смена му ја дал патната исправа и во неа банкнота од 100 евра, со барање да му се дозволи влез во РСМ. К.С. веднаш е лишен од слобода поради кривично дело „давање поткуп“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски: 18 милиони евра се предвидени за реновирање на студентски домови, 250 евра за дигитални уреди и поддршка за бизнис и многу други проекти за младите

ДЕСК

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска при посета на поставување камен темелник на изградба на нова детска градинка во Општина Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарско прашање за што прави Владата за младите одговори дека младите се во фокусот на Владата како и сите останати граѓани на Македонија.

„Младите се во фокусот на Владата, впрочем сите се во фокусот на владата, но и младите. Ќе ве потсетам дека во моментот интензивно се работи на реновирање на студентските домови, некаде околу 18 милиони евра има тука инвестиција, во буџетот се предвидени оние 250 евра за дигитални уреди коишто ќе ги користат сите студенти на сите универзитети коишто веќе се планирани во буџетот“, посочи премиерот.

Претседателот на Владата Мицкоски додаде дека се планирани пари за поддршка на нови бизниси на младите и ги охрабри младите да се борат за да успеат.

„Тука се планирани оние 10 милиони евра коишто треба да бидат во форма на грант за старт ап бизниси на младите и уште многу други проекти, млади специјализанти итн., нешто што досега беше незамисливо за претходните влади, ние тоа го правиме и го овозможуваме и ги охрабрувам младите да влезат во борба со животот затоа што само така можеме заеднички да успееме како општество, животот е борба, дневно се бориме за да успееме, секој ден е нов предизвик, секој ден тој предизвик треба да го совладаме, ништо не паѓа од небо готово за се мора да се бориме и да го заслужиме“, посочи премиерот Мицкоски и додаде дека се на што се работи сега ќе остане за младите во иднина.

„Ние сме тука да помогнеме и да работиме да го оставиме тоа коешто го работиме на младите, бидејќи на нив останува иднината, а ние како Влада ќе сториме сешто можеме да им оставиме подостојна и попристојна иднина“, кажа Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК