Centar.mk
фото Владина прес служба
МАКЕДОНИЈАвест

Амбасадорот Рокас ќе му го врачи Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година на премиерот Мицкоски

Попладнево во 16:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе го прими амбасадорот Михалис Рокас, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

На средбата, амбасадорот Рокас на претседателот на Владата Мицкоски ќе му го врачи Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година, подготвен од Европската комисија.

Предвидено е заедничка прес-конференција за медиуми да одржат претседателот на Владата Мицкоски и амбасадорот Рокас во Медија центарот на Владата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Потсетник за корупција: Две објавени бомби, чекаат реакција на ДКСК

ДЕСК

СДСМ: РЕВОЛУЦИЈА БЕЗ ЕВОЛУЦИЈА, Анализа на програмата Македонија 2030

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.