9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николовски?

Реакција на СДСМ:

Премиерот Христијан Мицкоски се пофали дека телефонски разговарал со Бојко Борисов, му ја честитал победата и изразил оптимизам дека ќе успее да формира влада.

Но, само пред еден месец јавноста во Македонија слушна меѓусебни отровни искази, навреди, барања за оставки на релација Борисов – Александар Николовски. Па дури и обвинувања за криминал.

Николовски споменуваше „златки пачки“ и „стотици илјади евра“ како одговор на барањето на Борисов за негова оставка.

Затоа, логично е прашањето дали во овој телефонски разговор Мицкоски го прашал Борисов за неговото барање оствка од Николовски и за пачките злато?

Имајќи ги предвид односите меѓу двете земји, Мицкоски треба да излезе и да одговори пред јавноста.

Ако не разговарале, тоа значи дека двојните аршини, политичкото лицемерие и лажењето на граѓаните се единствена константа и одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

ДЕСК

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

ДЕСК