На 26 октомври 2024 година, во СВР Велес било пријавено дека околу 01:45 часот на регионалниот пат меѓу селата Теово и Согле, општина Чашка, патничко возило „Фолксваген Поло“ со прилепски регистарски ознаки излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетна сопатничка се здобила со телесни повреди. Повредите биле констатирани во болницата во Прилеп.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Велес, по овластување на јавен обвинител од Велес, со цел утврдување на причините за инцидентот.