20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ужас во Скопје: Ранет 19 годишник на автобуска постојка

На 25.10.2024 околу 20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од Р.Т. (19) од скопско, дека околу 19.35 часот на автобуска постојка на територија на Карпош, две лица го нападнале и му била нанесена повреда со остар предмет.

Кај малолетникот бил пронајден и одземен нож, извршен бил службен разговор во Полициската станица Карпош, во присуство на родител, при што малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Во Скопје и околината: Пронајдени две мртви лица, едниот на 39-годишна возраст другиот на 50 – наредена обдукција

ДЕСК

Утре, сончево и топло време со мала локална облачност

C +

ДОМ: Новиот нацрт-закон за Рударство е директна закана за здравјето на луѓето

C +