На 25.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лице(31) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.
Истиот ден, при лишувањето од слобода на прво-приведениот, тој бил заедно со лице(28) од Битола и при претрес на патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.М., биле пронајдени прашкаста и растителна материја, по што и вториот. е лишен од слобода. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.