16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран предупреден од Белата куќа за последиците ако одговори на новите израелски напади

Белата куќа соопшти дека вечерашните израелски напади врз Иран треба да ги прекинат директните напади меѓу двете земји, истовремено предупредувајќи го Техеран за последиците доколку одговори.

Висок функционер на Белата куќа рече дека администрацијата верува дека израелската операција треба да ја „затвори директната воена размена“ меѓу Израел и Иран, и оти другите сојузници на САД се согласуваат.

Израел во текот на ноќта нападна воени цели во Иран како одговор на ракетните напади на Техеран претходно овој месец.

Иран соопшти дека неговиот систем за противвоздушна одбрана „успешно се спротивставил на израелските напади врз воени цели во провинциите Техеран, Кузестан и Илам со ограничена штета на некои локации“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Официјалната истрага покажа дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

C +

Италијанец се преправал дека е слеп 50 години, ја измамил државата за повеќе од еден милион евра

C +

Израел ќе го отвори главниот граничен премин Рафа

C +