23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Внимание, доаѓа Урсула – со кое македонско јадење ќе ја нагостиме?

Екипата на внимание во истражувачка мисија – ги прашавме граѓаните која е најдобра зимница и туршија. „Кисели краставички, зашто идат со ракија“, „Кисели краставички, зашто ме потсеќаат на бременоста“, велат граѓаните.

На прашањето за омилен македонски специјалитет ги добивме следниве одговори: сарми, турлитава, бабури, селско месо, ајвар и сирење, зелник…

На блиц прашањата „Зелник или гиро?“, „Сарма или тавче гравче?“, „Чиа пудинг или кисела зелка?“, сармата беше најубедлив победник без конкуренција. Меѓутоа, чиа пудингот е далеку попопуларен од киселата зелка, барем кај испитаничките.

На прашањето со кој македонски специјалитет би ја угостиле Урсула фон дер Лајен, граѓан(к)ите велат: со дроб сарма, со тавче гравче, сарми, ѓомлезе, турлитава, селско месо, ајварче со сирење, зелник од праз, а на крај – сиктер кафе…

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Извор: Trn.mk