25. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
fon der lajen
.МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија на Европската Унија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија на Европската Унија.

Во рамки на посетата во 11:30 часот предвидено е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен.

Воедно, во 11:50 часот ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.

Потоа, во 12:40 часот предвидено е заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен во Медија центарот на Владата.