Претседателката Силјановска Давкова донесе скандалозна одлука да помилува осудени криминалци, со што сериозно ја загрози безбедноста на граѓаните. Меѓу помилуваните се лица кои се дел од нарко-кланови, уапсени во големи полициски акции каде беа запленети оружје, пари и дрога. Најшокантно од сè е што меѓу овие криминалци се наоѓаат и припадници на опасниот нарко-клан „Барон“, како и роднини на озлогласениот Шекли.
Дел од овие лица се осомничени и за други кривични дела, вклучувајќи криминални пресметки како пукањето во Чаир, што дополнително ја зголемува загриженоста на јавноста. Помилувани се и поранешни функционери, меѓу кои Владимир Талевски, поранешниот градоначалник на Битола, кој беше осуден за корупција во случајот „Транспортер“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“.
Оваа одлука не само што ги ослободува криминалците од затвор, туку и го поткопува владеењето на правото и ги саботира напорите на полицијата и другите надлежни институции кои работат на борбата против организираниот криминал. Во време кога криминалните активности на улиците се во пораст, ваквите помилувања можат само дополнително да ги охрабрат криминалците, директно загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните.
СДСМ предупредува дека со оваа одлука, Силјановска Давкова сериозно го загрозува безбедносниот систем во државата и ја партизира Агенцијата за национална безбедност, правејќи дилови со криминални структури.