14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Претреси во Битола и Македонски Брод, пронајденo оружје и муниција, лишени од слобода две лица

-На 22.10.2024 во 15.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола бил извршен претрес кај E.М.(53) од с.Бистрица, битолско. При претресот биле пронајдени пет пушки, над 100 парчиња муниција, како и различни делови за оружје. Е.М. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

-Исто така, на 22.10.2024, во времето од 10.30 до 11.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, а по претходно издадена судска наредба, извршен е претрес во с. Белица, во домот на Д.И.(46) од с.Белица, Македонски Брод, при што пронајдена била муниција од различен калибар. Д.И. е приведен во полициска станица и по документиурање на случајот ќе следува соодветна пријава, извести полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.