Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Петрушевски: СДС ги партизираше службите, АНБ ја водеше партиски функционер

Изјава на Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ
Почитувани,
Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, долги години беше во голем број партиски комисии и совети.

Тој на чело на АНБ дојде како чисто партиско решение.

СДС наместо да ја професионализира службата, ја партизираше, дополнително на тоа шиканираа професионалци и избркаа од АНБ се што не е во нивната матрица.

СДС спроведе хајка во службите, и наместо институции за почит, добивме институции на кои им се случија низа пропусти како издавање пасоши на над 20 нарко босови од регионот и светот, кое траело со години, без никој да го примети или спречи.

Видовме кои се последиците од лошото владеење на СДС со државата и управувањето со службите.

Заврши времето на партизација на службите. Следува ново време на промени и професионализација.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови, тврди СДСМ

ДЕСК

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК