13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на МЕП Муртезани со новоименуваниот бугарски амбасадор, Радуков

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Северна Македонија, Жељаско Радуков.

Министерот Муртезани изрази надеж за успешни парламентарни избори во Бугарија, гледајќи ги како важен чекор за унапредување на билатералните односи преку продлабочување на заемната доверба. Исто така, тој ја нагласи силната посветеност на Владата кон европската агенда и нејзините активни напори за постигнување достоинствено решение во контекст на исполнување на потребните услови за забрзување на процесот кон полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Муртезани и Радуков ја истакнаа важноста од консолидација на заемната доверба и соработка, особено во контекст на евроинтегративниот процес, на кој треба да се гледа како на заеднички стратешки приоритет. Разговорот го потенцираше ангажманот за конструктивен и транспарентен дијалог со цел унапредување на добрососедските односи и решавање на заедничките предизвици во духот на соработка и партнерство.

Можеби ќе ве интересира

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето во Тетово

ДЕСК

ЗНМ и ССНМ изразуваат загриженост за постапувањето на полициските службеници кон новинарите во Демир Хисар

ДЕСК

ЧУВАЈТЕ СЕ: Продолжуваат пеколните температури и следните денови – Метеоцентар со детална прогноза за неделава

ДЕСК