На 20 октомври 2024 година, во 13.30 часот, во Полициското одделение Шуто Оризари во Скопје, граѓанин пријавил дека на улицата „Мелничка“ бил каснат од куче скитник. Истиот ден, во СВР Битола, уште еден случај бил пријавен кога граѓанка била касната од куче скитник во близина на основното училиште „Климент Охридски“ во Битола.